Search

Погребани жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во близина на главниот етиописки град, Адис Абебе.

Авионот „Етопиан ерлајнс“ пред седум дена се сруши на летот од Адис Абабе во Најроби, а загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, државјани на 35 земји.

Членовите на семејствата и граѓаните учествуваа во масовниот погреб, по кој во земјата беа спуштени 17 празни сандаци, наведе агенцијата „Анадолија“.

Процесот за идентификација на жртвите ќе трае неколку месеци, а власта вчера, на семејствата на починатите започна да им дава вреќи со изгорена земја од местото каде што падна авионот на „Етиопијан ерлајнс“.

Семејствата се надеваат дека наскоро ќе ги добијат посмртните останки на настраданите.

Треба да знаете
Последни објави