Skip to main content
Свет

Песков: Членството на Украина во НАТО е „неприфатлива закана“ за Русија

03/12/2024  11:50

Придружувањето на Украина во НАТО претставува неприфатлива закана за Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Неговата изјава уследи откако украинските власти, пред денешниот состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, повикаа за „целосно“ членство во НАТО како единствена гаранција за безбедност наспроти руската инвазија.

Таквата потенцијална одлука е неприфатлива за нас, бидејќи тоа е заканувачки настан за нас, посочи Песков.