Search

Песков: Русија е подготвена да го разјасни случајот Навални со ЕУ

Русија е подготвена да го разјасни инцидентот околу рускиот опозициски лидер Алексеј Навални со Европската Унија, а исто така очекува дека Европа ќе ги достави своите податоци, рекол портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков.

„ Секако дека сме подготвени“ истакнал Песков, одговарајќи на прашањето дали Москва е подготвена да им даде објаснување на европските колеги за ситуацијата со Навални, пренесе ТАСС.

Тој додал дека Русија повеќепати објаснила што се случило со берлинскиот пациент на територијата на Русија, поточно во Омск и Томск.

Според него, Русија повеќепати апсолутно транспарентно разговарала за тоа и се објаснила.

„ Исто така објаснивме и дека ни се потребни информациите кои ги имаат Берлин и Париз и повеќепати објаснивме дека за жал ни Берлин ни Париз не брзаат да ги споделат овие информации со нас, што значајно ја компликува понатамошната разрешница на ситуацијата“ нагласил Песков.

Тој заклучил дека се што знае Русија за инцидентот со Навални е јавно достапно.

Треба да знаете
Последни објави