Search

Пенс: Светот мора да се спротивстави на антисемитизмот и на Иран

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави денеска дека светот мора силно да се спротивстави на „грозната плима на антисемитизам” кој се шири низ светот, оценувајќи дека предводник на таа политика е Иран.

– Мораме да бидеме подготвени да се соочиме и да го разоткриеме тој ужасен бран на антисемитизам, кој поттикнува омраза и насилства ширум светот, истакна Пенс пред светските лидери на Форумот за холокаустот.

– Во истиот тој дух, мораме силно да се спротивставиме на државата која е предводник во ширењето на антисемитизмот, на единствената влада во светот на која негирањето на Холокаустот и е државна политика и која се заканува дека ќе го избрише Израел од мапата.

– Светот мора силно да застане против Исламска Република иран, потенцираше Пенс.

Треба да знаете
Последни објави