Search

Пендаровски изрази сочувство до семејството на загинатите деца во експлозијата во Романовце

Претседателот Стево Пендаровски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.

– Сочувство за семејството и блиските за несреќата во кумановското село Романовце во која животот го изгубија три деца, а уште шест лица се повредени. Загубата е ненадоместлива, се надевам повредените, на кои во моментов им се пружа медицинска помош, ќе бидат добро, напиша Пендаровски.

Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Во несреќата седум лица се повредени и се здобиле со изгореници. Од нив четворица се во тешка состојба со висок степен на изгореници и се на лекување во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави