Search

Педофилот по кој трага цела Србија избегал во Бугарија заедно со 12 годишната Моника?

Полицијата сè уште не знае каде се наоѓаат 12-годишната Моника Каримановиќ и Нинослав Јовановиќ, за кого се верува дека ја киднапирал девојката , изјави директорот на српската полиција Владимир Ребиќ.

И покрај тоа веќе осми ден трае обемна потрага по повеќекратниот силувач Јовановиќ, кој ја киднапираше Моника Каримановиќ (12) на 20 декември во населбата Брзи Брод кај Ниш.

Неколку дена по исчезнувањето на девојчето, полицијата пронајде некои траги и го осомничи Јовановиќ. Се претпоствува дека оттогаш тие се кријат во селата и напуштени куќи. Полицијата, наводно, не ја исклучува можноста некој да му помога, но досега не се потврдени ваквите сомневања.

Јовановиќ и неговата жртва го бараат повеќе од 600 полицајци, ловци и доброволци. Тие користат кучиња трагачи, беспилотни летала, термални камери, а областа е постојано надлетувана од хеликоптери . Српските медиуми објавија денеска дека и околу 200 вработени во српската разузнавачка агенција БИА добоволно се приклучиле на потрагата.

Моника исчезна на 20 декември на пат кон училиштето во Брзи Брод. Киднаперот, се чини дека бил добро запознаен со нејзината рутина бидејќи таа исчезнала на делот на кој нема надзорни камери. Четвртиот ден од потрагата во грмушка недалеку од селото Малча беше пронајден ранец во скривалите со шатор и вреќа за спиење.

Во исто време, полицијата открила дека со денови го немало повеќекратниот силувач од Малча, Нинослав Јовановиќ, познат како „берберот од Малча“ затоа што на жртвите им ја шишал косата. Очевидци го виделе на пат од Малча кон Књажевац, па полицијата веднаш започнала да ја чешла областа. Таму откриле дека е провалена во три куќи, дека е украдена храна, а во шталата на една куќа е пронајдена исечена коса за која се претпоставува дека е на Моника.

Треба да знаете
Последни објави