Search

Патиштата проодни, но потребно е внимателно возење и движење

Иако, снегот уште од вчера престана да врне во општина Гевгелија, а снежната покривка делумно се стопи, сепак, утринава можеше да се забележи голомразица. Инаку, сите патишта во општина Гевгелија, од општинскиот центар до населените места се проодни. Во текот на вчерашниот ден механизацијата на Каргорент интервенираше на патот од селото Смоквица до клучката на автопатот, во Давидово, Милетково, Петрово, Габрово и Миравци.

Според информациите од теренот утринава сите патишта се проодни, но, движењето поради голомразицата е отежнато. Главните сообраќајници во Гевгелија, истои така, се исчистени и проодни, но, отежнато е движењето на возилата, а посебно пешаците по споредните улици.
Затоа, за денес е најавена акција на комуналните служби за
расчистување на снегот и на споредните улици.

Треба да знаете
Последни објави