Search

Паркинсоновата болест би можела да се открива децении пред првите симптоми на болеста а

Паркинсоновата болест во иднина би можела да се открие децении пред да се појават првите симптоми! Тоа го покажа најновата, очигледно револуционерна британска студија објавена во списанието Lancet Neurology.

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон тврдат дека знаците на промени во мозокот може да се забележат 15 до 20 години пред почетокот на симптомите на болеста. При откривањето на промените значајна улога има серотонинот, супстанца поврзана со спиењето, расположението и апетитот и која досега не била поврзувана со оваа болест чии симптоми на треперење, тремор и вкочанетост, како и депресија, проблеми со помнењето и спиењето. Паркинсоновата болест одамна се поврзува со пад на нивото на допамин, хемиска супстанца која е невротрансмитер помеѓу мозокот и телото. Но оваа студија покажа дека уште една супстанца, серотонин, исто така е поврзана со оваа т.н. екстрапирамидална болест.

Испитаниците на возраст од дваесеттина и триесеттина години, кои имаат ретка мутација на генот SNCA и веројатно ќе развијат Паркинсонова болест во доцните четириесетти или педесетти години, имале значително намалено ниво на серотонин. Имено, научниците ги обсервирале мозоците на 14 лица од зафрлени села во јужна Грција и Италија, кои ги имаат тие генетски промени, а од кои кај половината веќе е дијагностицирана Паркинсонова болест, а другата половина немала симптоми. Споредбата е направена со уште 65 пациенти со Паркинсон и 25 здрави доброволци при што успеале да ги идентификуваат раните мозочни промени кај испитаниците на возраст од 20 до 30 години, и тоа токму во серотонинскиот систем.

Со други зборови, резултатите од студијата покажуваат дека кај овие субјекти серотонинот се намалил за 15 до 20 години пред да се појави проблемот со допаминот. Падот на серотонинот, исто така претходи на раните клинички симптоми на болеста, кои може да вклучуваат недостаток на мирис, депресија и нарушување на спиењето  дури и 20 години пред почетокот на болеста. Овие наоди сугерираат дека промените во серотонинскиот систем може да делуваат како клучен сигнал за рано предупредување за оваа сериозна болест.

Треба да знаете
Последни објави