Search

Памела Андерсон распали по апсењето на Асанж: Како можевте? Вие сте ѓаволи, лажговци и крадци

Холивудската актерка, Памела Андерсон, денеска ги нарече САД, Велика Британија и Еквадор ѓаволи, лажговци и крадци, во врска со апсењето на нејзиниот пријател и основач на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во Лондон.

„Вие ќе пропаднете. Ние ќе се издигнеме“, порача Андерсон на Твитер.

Таа додава дека е шокирана од апсењето на Асанж и оценува дека во видеото на кое се гледа како полицајците го вадат од зградата на амбасадата и го внесуваат во комбе, Асанж изгледа многу лошо.

„Како можеше, Еквадоре?“, прашува Памела Андерсон, а потоа и самата одговора: „Затоа што тој сите ве разоткри“.

Истото прашање го поставува и до Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави