Search

Пакистан тестира балистичка ракета со голем дострел

Пакистанската армија соопшти дека тестирала балистички проектили со голем дострел кои можат да носат нуклеарна боева глава.

Како што се наведува во соопштението на пакистанската војска, станува збор за балистичка ракета „Шахин 2″, која има дострел околу 1.500 километри.

Ракетата паднала во Арапско море. Пакистанската војска ова го објави по завршувањето на општите избори во Индија, со која Пакистан има спор првенствено поради Кашмир.

Треба да знаете
Последни објави