Search

ОЈО истражува дали во новите „бомби“ зборува Камчев

Јавното обвинителство отвори предмет за новите аудио снимки кои во саботата беа објавени на „Јутјуб“ каналот и ќе истражува кој ги објавил, нивната содржина, но и дали навистина на снимката е зборува бизнисменот Орце Камчев, осомничен во истрагата „Империја“, а сега клучен сведок во случајот „Рекет“.

-Надлежен јавен обвинител во постапката ќе утврдува кој ја објавил содржината, идентитетот на лицата кои ја објавиле содржината на овие разговори и ги поставиле на социјалните мрежи, потоа идентитетот на лицата кои што разговараат и содржината на разговорите, изјави републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Во разговорите, лицето за кое се претпоставува дека е Камчев, бара спогодба со браќата Заеви, и вели дека во спротивно ќе крвават сите, но освен Заев, се споменува и лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

„Бомбите“ одекнаа во јавноста еден ден по сведочењето на Камчев за случајот Рекет, а за кој утре треба да сведочи и неговата сопруга.

Треба да знаете
Последни објави