Search

ОЈО ги чека ги чека доказите од МВР во врска со наводното следење на новинарот Героски

Основното јавно обвинителство Скопје ги чека доказите од МВР во врска со наводното следење на новинарот Бранко Героски. Тој вчера со статус на Фејсбук предупреди дека после неговите текстови за скандалите со случаите Рекет и Рекет 1, бил следен, поседувал докази и веќе поднел пријава- објави МКД. Јавното обвинителство вчера беше повикано да даде одговор на тоа до каде е постапката за овој предмет, во спротивно Героски најави дека ако до среда, односно 20 ноември не добие одговор, со напис на неговиот портал ќе ја информирал јавноста.

Редакцијата на порталот денес испратила прашања во врска со овој настан, по што веднаш им било одговорено дека се работи на овој предмет, но се чекаат доказите за кои е издадена наредба до МВР, по која уште се постапува.

„За настанот за кој покажувате интерес, Основното јавно обвинителство Скопје прими Известување за примена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи на 17. 10. 2019 година. По применото известување, предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој веднаш издаде наредба до МВР да се обезбедат докази за наводите во пријавата. По наредбата се уште се постапува”, се вели во одговорот од Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави