Search

Оштетени гранични камења на границата со Грција

Во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, информира дека претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана, на 24 ноември 2018 година, излегоа на терен и констатираа дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри.

Инцидентот е потврден и од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења во согласност со Спогодбата за чување, одржување и обновување на граничните ознаки (копнени и пловни) и за предупредување, спречување и начин на испитување и решавање на граничните инциденти.

Треба да знаете
Последни објави