Search

Официјален Рим: Одлуката на Австрија е дискриминација на Италија

Италија остро реагираше на одлуката на Австрија да ги отвори границите кон сите свои соседи, со исклучок на Италија, оценувајќи дека тоа претставува дискриминација.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте смета дека одлуката на официјална Виена претставува дискриминација и прашува „дали Италија треба да ја плаќа цената на својата транспарентност, која ја покажала за време на пандемијата”.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо истакна дека таквите акти се спротивни на заедничкиот дух на ЕУ и се штетни за единствениот пазар на Унијата, изразувајќи надеж дека Австрија ќе ја преразгледа својата одлука.

Австрија од синоќа ги отвори своите граници и го укина карантинот за седум соседни земји – Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија, но не и за Италија. 

Треба да знаете
Последни објави