Skip to main content
Забава

Отстранување на „лентите“ на банана? Не го повторувајте тоа – тоа е голема грешка

27/10/2024  18:21

Повеќето луѓе не ги сакаат „лентите“ од внстрешната страна на бананите и повеќето од нив ги отстрануваат од бананата пред јадење, но тоа е грешка.

„Омразата“ кон овие влакна е толку голема што низ целиот интернет има стотици блогови посветени исклучиво на таа омраза. А тие ленти не само што имаат име, туку и важна улога во здравјето.

Лентите се всушност флоем – сложени растителни спроводливи ткива и само благодарение на нив бананата додека расте ги добива сите потребни хранливи материи.

„Во споредба со остатокот од бананите, овие ленти содржат повеќе различни видови влакна“, објаснува Николас Гилит, професор по органска хемија.

И не само што тие ленти имаат повеќе влакна, туку и витамини А и Б6. Секако, препорачливо е, како што вели, да не се вадат од бананата бидејќи се хранливо побогати од останатото овошје.