Search

Ослободен пратеникот од опозицијата во Венецуела

Пратеникот од опозицијата во Венецуела, Едгар Замбрано, кој беше ослободен од притвор четири месеци по неговото апсење под обвинение за предавство, рече дека овој потег е резултат на јавниот притисок, а не во знак на добра волја на претседателот Николас Мадуро.

Врховниот суд му нареди на судот во Каракас „веднаш да го ослободи“ Замбрано, иако го остави случајот отворен, пренесува „Ројтерс“.

Тој ќе треба да се јавува пред судот на секои 30 дена и му е забрането излегување од земјата.

Венецуела се наоѓа во длабока политичка криза од јануари кога лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо повика на протести затоа што смета дека реизборот на Мадуро е нелегален.

Владата на Мадуро, која Гуаидо го нарече американска марионета, го симна парламентарниот имунитет на многумина пратеници од опозицијата и нареди нивно апсење.

Треба да знаете
Последни објави