Search

Општина Кисела Вода го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Денес Општина Кисела Вода по 12  –  пат го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари.

По овој повод во големата сала на Општината се одржа манифестација на која присуствуваa градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и претставници од Секторот  за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт.

Истата ја збогатија ученици од општинските основни училишта кои со одличната изведба на разни музички и ритмички точки донесоа многу насмевки на лицата на присутните.

На крајот градоначалникот Филип Темелковски на учениците и нивните ментори кои учествуваа на ликовниот и литературен конкурс на тема: „Мајчиниот јазик, сведок на нашето постоење” им подели дипломи и благодарници.

Градоначалникот Филип Темелковски на децата им посака убави и успешни училишни денови.

Дел од наградените ги прочитаа своите литературни творби преку кои испратија пораки  за негување на македонскиот јазик.

Имено, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година овој ден е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

Треба да знаете
Последни објави