Search

Опозицијата бара оставки поради пожарите

ВМРО-ДПМНЕ порача дека е време за оставки и разрешувања, поради пожарите кои со недели беснеат низ целата земја. Владимир Ѓорчев на прес-конференција оцени дека како никогаш досега, во март, има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси и не се бркаат сторителите.

„Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви“, рече Ѓорчев и изрази сомневање дека големиот број на активни пожари значи оти постои целосна спрега на криминалот заедно со државните институции. Тој обвини дека во состојбата со пожарите вклучени се шумската мафија, институциите на полицијата, локалните власти и министерствата.

„Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа. Господине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Време е некој да поднесе одговорност за оваа невидена негрижа која доведе до тоа да имаме такво охрабрување, такво осоколување на криминалците кои што се заштитени од вашите институции, за да имаме ситуација којашто во месец март внимавајте имаме повеќе од 500 пожари“, рече Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави