Search

Оксфам поради финансиски проблеми престанува со работа во 18 земји

„Оксфам”, една од водечките светски организации за пружање помош, ќе ја намали својата работа поради ограничените финансиски ресурси. Ова вклучува и целосен прекин на нејзините активности во 18 земји и затворање на 1.450 работни места.

Организацијата, која моментно работи во 66 земји и чија глобална работа е координирана преку 20 подружници во светот,  преку соопштение информираше за промените предизвикани од пандемијата на Ковид -19.

Земјите што ги напушта „Оксфам” се Авганистан, Египет, Руанда, Судан и Танзанија. По промените, организацијата физичко ќе биде присутна во 48 земји.

Организацијата започна 10-годишен стратешки план за реорганизирање на своите активности на крајот на 2018 година. Ова се случи по сексуалниот скандал на Хаити, кој предизвика глобален протест и одвлече голем број донатори кои ја повлекоа својата финансиска поддршка. Хаити е исто така една од земјите во кои „Оксфам” ќе ги заврши своите активности. 

Треба да знаете
Последни објави