Search

Од ЕИБ 40 милиони евра за развој на биотехнолошките третмани против ракот

– Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе ги поддржи медицинските истражувања за ракот со 40 милиони евра фондови за технологијата на компанијата ИТМ.

ИТМ е група на биотехнолошки и радиофармацевтски приватни компании кои работат на развивање на специфични и таргетирани третмани против ракови за кои постојат ограничени третмани, како коскени метастази или невроендокринолошки тумори.

Европската Комисија попладнево соопшти дека ќе ја поддржи оваа компанија преку Европската инвестициска банка во своите истражувања за иновативни дијагностички и терапевтски радиофармаколошки решенија.

-Горд сум што Европската Комисија ги поддржува овие иновативни истражувања на ИТМ за ракот. Овие напори можат да се покажат витални за толку многу луѓе, изјави еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони.

Со овие фондови компанијата се надева дека ќе може да ја интензивира својата работа во областа на борбата против формите на рак за кои постојат помалку третман. 

Треба да знаете
Последни објави