Search

Од денес дозволени геј браковите во Костарика

Од денес се дозволени истополови бракови во Костарика, која стана прва земја во Централна Америка што донела таква одлука.

Одлуката стапува на сила по истекувањето на 18 месеци колку што Уставниот суд му даде како рок на Собранието за да го регулира законодавството за тоа прашање, или ќе биде укината забраната за истополови бракови, пренесува „Ројтерс“.

Претходно овој месец, повеќе од 20 пратеници се обидоа да ја одложат одлуката, но не успеаја.

„Костарика денес слави – еднаквоста околу правото на брак стана реалност“, оцени Меѓународната асоцијација на лезбијки, гејови, бисексуалци, транс и интерсексуалци.

Претседателот на Костарика, Карлос Алварадо Сосада, рече дека одлуката ќе предизвика значајна социјална и културна трансформација на земјата.

„Гејовите и лезбијките ќе имаат исти права како и сите луѓе, двојки, семејства во земјата“, рече тој во телевизиското обраќање.

Со оваа одлука, Костарика стана шеста земја во Јужна Америка и прва во Централна Америка каде што се дозволени геј бракови.

Пред неа тоа го сторија Аргентина, Еквадор, Бразил, Колумбија, Уругвај и делови од Мексико.

Треба да знаете
Последни објави