Skip to main content
Македонија

Од вчера се трага по Богољуб од Скопје

28/10/2024  13:56

Веќе втор ден се трага по скопјанецот Богољуб Митов (63), кој вчера излегол од својот дом и му се губи траг.

Како што појаснува неговата ќерка Александра за ,,Фокус”, станува збор за лице со деменција и депресија, и случајот бил пријавен во полиција.

Семејството замолува доколку некој го забележи Богољуб, веднаш да го задржи и да се јави во полиција, или пак кај нив на мобилниот број 078 865 670. Тој со себе не носи мобилен телефон, по влечки е обуен, облечен во црни тренерки и сив џемпер. Не е насилен, да не се плаши некој доколку го забележи, нека му пријдат, нека го задржат. Тој разговара, контактибилен е. Покрај деменцијата, се бори и со депресија, вели ќерката.

Извор: Фокус