Search

Одрони на патот Делчево – Пехчево

Обилниот дожд кој го зафати Пијанечко-малешевскиот регион создаде проблеми при одвивање на сообраќајот на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово. Одрони има кај патот што поминува покрај селото Тработивиште, кај месноста Рибник Желевица, а забележливи се и наноси долж патот кој води кон Пехчево.

Како што јавува дописникот на МИА, во близина на опожарените места покрај патот каде се врши сеча има наноси од земја и дрвна маса, што дополнително го отежнува движењето на возилата.

Од ЈП „Македонија пат” апелираат брзината на движење да се приспособи на условите на патот и да се  почитува сообраќајната сигнализација. Потврдуваат и дека поради врнежите, ситни одрони се забележливи и на патот Делчево – Македонска Каменица, но тие, како и на патниот правец Делчево – Пехчево – Берово, редовно се чистат од страна на екипи на претпријатието.

Поради дождот, сообраќајот во Пијанечко-малешевскиот регион се одвива по влажни коловози.

Треба да знаете
Последни објави