Search

Одбранта на Мијалков најави жалби за мерката притвор

Одбраната на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој синоќа беше притворен, најави дека во текот на денов ќе поднесе жалба, бидејќи смета дека без да се повика и сослуша обвинетиот е недозволиво да му се одреди мерка притвор.

– Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде одредена мерка притвор, изјави Антонио Апoстолски, еден од адвокатите кои го бранат Мијалков.

Појасни дека Мијалков е притворен со образложение дека постои опасност за бегство.

Треба да знаете
Последни објави