Search

О’Брајан: Трамп е запознаен со извештајот за исплати на талибанците

Американскиот претседател Доналд Трамп сега е целосно запознаен со извештајот за напорите на Русија да им плати на талибанците да убиваат американски војници во Авганистан, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

Тој одби да каже дали информациите биле вклучени во писмениот претседателски брифинг на почетокот од годинава.

– Претседателот е целосно информиран, рече О’Брајан пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека тие не гледаат писмени класификувани документи.

Треба да знаете
Последни објави