Search

Ноер ја продолжи соработката со Баерн уште две сезони

Голманот на германскиот Баерн Минхен,  Мануел Нојер потпиша нов двегодишен договор со баварскиот тим.

– Многу сум среќен што продолжува мојата соработка со Баерн. Повторно ќе имаме добар тим со кој ќе можеме да се бориме за сите трофеи. Како голман и капитен на тимот сакам да бидам столб и поддршка во реализација на следните цели – изјави Ноер по потпишување на договорот.

Мануел Ноер во Баерн притигна во 2011 година од редовите на Шалке и оттогаш е незаменлив на голот на баварскиот тим, но и на германската репрезентација. Во последните пет сезони, тој е капитен на Баерн. Ноер досега одигра 472 натпревари за Баерн и освои десет титули во германскиот шампионат, пет трофеи во националниот куп и шест во германскиот Суперкуп. Има и две титули во ЛШ, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Треба да знаете
Последни објави