Search

Нови закани за бомби во Москва

Пет московски училишта и метро-станиците „Киевска“ добија анонимни закани за бомби само неколку часа откако градските судови беа евакуирани заради истите пораки, јавуваат руските медиуми.

„Непознато лице пријавило дека биле поставени експлозивни направи во пет московски училишта. Специјални единици и кучиња трагачи се на терен за да ги проверат информациите и да ги прегледаат просториите“, пренесува ТАСС.

Непознато лице испратило имејл до управата на метрото во Москва, кој содржи информации за закана со бомба на станицата на подземната железница „Киевска“, соопшти изворот.

„Службите за итни случаи исто така ја проверуваат оваа закана. Не е во тек евакуација и метрото работи како што е планирано“, изјави неименуван извор за ТАСС.

Слични закани добиле и 13 московски судови.

Изминативе 20 дена, главниот град на Русија е преплавен со лажни дојави за подметнати бомби во судови, училишта, градинки и други објекти, а изнудувачите бараат да им бидат исплатени пари за да не ги активираат бомбите.

Треба да знаете
Последни објави