Search

Нова: Фирма формирана во април единствена на тендерот тежок 35 милиони евра

Нова: Фирма формирана во април единствена на тендерот тежок 35 милиони евра

Само една фирма се јавила на големиот тендер  за реагенси  чии понуди беа отворени пред неколку дена во Министерството за здравство.  Станува збор за фирмата АХР ЛАБ увоз-извоз  ДООЕЛ Скопје, (друштво со ограничена одговорност )која е формирана на 18.04.2018 годинава.

Оваа фирма никогаш не работела со набавки на реагенси, а не е познато ниту дали и колку вработени има, нема никаква референца и основана е во момент кога во Министерството за здравство беше најавен големиот тендер за реагенси со кој министерот Филипче најави голема заштеда,  велат извори за НОВА кои се директно вклучени во бизнисот со реагенси.

Од документите во Централен регистар се гледа дека фирмата е регистрирана со странски капитал, како микро фирма со влог од само 5000 евра.  Како таква, оваа фирма треба да застапува тендер тежок цели 35 милиони евра, толку колку чини капиталниот објект на новата Клиничка болница во Штип.

Повеќе од текстот на следниот ЛИНК

Треба да знаете
Последни објави