Skip to main content
Македонија

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

25/11/2024  15:50

Никој не го оспорува тоа, за да одговориме, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Швајцарија дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на индустриската зона Визбегово.

Во однос на новоизбраното раководство на СДСМ, Меџити им посака успех со започнатите реформи и како што нагласи, „да се придржат до тоа што е својствено на нивните политики“.

– Од граѓански концепт, во последно време забегаа во националистички и тврди ставови, што мислам дека не им оди во прилог.

Така да, посакувам да се вратат на своите определби и да придонесат во општеството, изјави Меџити.