Search

Николовски: Оваа генерација ја внесе државата во НАТО, клучен приортет е реформа на судството

Оваа генерација ја внесе дравжата во НАТО, реализира политики за враќање на пари кај граѓаните, почнуваме преговори со ЕУ, сега клучни приоритети ни се реформа на судството, обвинителството, администрацијата, секаде кај што се кршат правата на граѓаните и се кочи развојот, истакна носителот на кандидатската листа на коалцијата Можеме во изборната единица 3, генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата Утрински брифинг.

Ние имамвме проблеми со сите сoседи, решивме се и денеска сме светол пример, концепт модел и седиме со 30-те најмоќни држави во НАТО, нагласи Николовски.

Само со СДСМ и коалциијата Можеме ќе биде загарантирана иднината на земјата, најголемата опозициска партија не кажува што ќе направи со преспанскиот договор, не се изјаси ни на референдум, не аплаудираа на членството на НАТО, не се радуваа на одлуката за преговори со ЕУ, рече Николовски, додавајќи дека имаат еден став за надвор од земјата друг став за внатре.

Тој додаде дека нема кантонизација, фенерализација, за што ги лажеа 2016 година гласачите од изборна единица 3, туку силен развој и раст на палти, а тие си останаа на лажни вести.

Ние продолжуваме реална и убава кампања, за разлика од опозцијата, која потсетува на многу мрачната слика на 11 годишно владеење на режимот, изолација, поделби, порача Николовски.

Треба да знаете
Последни објави