Search

Не се забележани остатоци од течност во зградата кај Скопјанка

Не се забележани остатоци од течност во зградата кај Скопјанка

Станарите од зградата на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, веќе неколку часа се надвор од своите домови кога беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Пред зградата се наоѓаат екипи на полицијата, Противпожарната единица и брза помош. Се проверува влезот на зградата, каде што неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Повикани се и инспектори од Министерството за животна средина и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата.

„Не се забележани остатоци од течност или што било. Не е забележано ништо оставено во влезот. Нема повредени, а екипа на брзата помош беше повикана поради превентива“, информираа надлежните.

Треба да знаете
Последни објави