Search

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гостивар

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија.

Како што информираат од Министерството за здравство, теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, а кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата – довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.

Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија.

Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.

Треба да знаете
Последни објави