Search

Недевски: Ги унапредуваме условите за лицата со попреченост, пуштен лифт во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Преку низа социјални реформи, локалната власт во Аеродром значително ги унапредува правата на лицата со попреченост. Покажуваме дека вистински се грижиме за секое лице да добие квалитетен живот, изјави, Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром.

Показател за тоа е неодамнешното  пуштање во употреба на лифтот за лица со физичка попреченост во училиштето „Ѓорѓија Пулевски” во Аеродром.

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин со помош на пријателите од Американската амбасада овозможија решение за достапност и полесно вклучување на сите припадници на ранливата категорија во социјалната средина.

Сега учениците со попреченост ќе можат полесно да се движат низ училиштето и да бидат самостојни во извршувањето на своите задачи.

Работиме неуморно секој ден од годината и овозможуваме живот без пречки.

Линк до видео: https://youtu.be/MzwfkDFqqz4

Треба да знаете
Последни објави