Search

На Нефрологија за три години извршени 55 трансплантации на бубрези од кои 10 од починат дарител

На Универзитетската клиника за нефрологија од 2017 година, досега, извршени се 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег, соопшти Министерството за здравство.

Годинава, пред почнувањето на Ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во мај во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации – двајца пациенти добиваат бубрег. Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува, стои во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави