
Денеска (20.10.) во 02.20 часот на Граничниот премин Деве Баир, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција.
При извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ” и полуприколка „Тирсан” со турски национални ознаки, кои истиот ги управувал.
Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.