Секој што е политичар треба да има само македонско државјанство. Ова е ставот на професорката Мирјана Најчевска откако бугарската потпретседателка, Илијана Јотова, зборуваше дека ги видела документите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во кои таа изјавува дека има бугарска самосвест и потекло
„Според мене ниту еден политичар и функционер во власта не смее да има двојно државјанство. Воопшто не е важно дали е тоа бугарско или некое друго. Едноставно тоа е дел од принципот на забрана на конфликт на интереси“, вели Најчевска.
Претходно, низ медиумите циркулираа низа други имиња кои имаат двојно државјанство, а се дел од политичката сцена.