Search

Најголема парада на гордоста на Блискиот исток во Тел Авив

Најголемата парада на гордоста на Блискиот исток која привлече стотина илјади гости денеска се одржува на улиците на Тел Авив. Поддршка на правата на хомосексуалците е се пораспространета во Израел, каде луѓето отворено служат војска и работат во парламентот, но сепак не постигнале еднаквост, пренесе АП.

Некои учесници на маршот носеа транспаренти на кои се потсмевале на членовите на израелската десничарска верска Влада, која го ограничува бракот и родителските права на истополовите бракови.

Тв ѕвездата Нил Патрик Херис оваа недела пристигна во Израел, за да ја предводи парадата.

Прославата претставува кулминација на месецот на настаните на ЛГБТ и одбележувањето на 50-годишнината од востанието Стонвол, кое се смета за пресуден момент во унапредувањето на правата на геј луѓето.

Треба да знаете
Последни објави