Search

Научно технолошки парк следната година во кампусот технички факултети

Прв научно технолошки парк во Македонија треба да почне со работа следната година на локација кај кампусот технички факултети следната година со ангажман на кадар од универзитетите. Стартната инвестиција  за проектот на Министерството за информатичко општессво и администрација и Фондот за иновации и технолошки развој е близу два милиони евра. Веќе има интерес од 150 компании за правење истражувања во паркот, каде државата нема да биде ниту сопственик, ниту раководител, а таа улога ќе ја имаат академскиот и приватниот сектор.

На денешната  презентација на физибилити студијата за проектот, што изработена со финансии од Европската унија,  министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски истакна дека  во проектот  се вклучени сите универзитети, студенти и стопанските комори кои ќе бидат носители на активностите.

-Локација која е предложена за технолошкиот парк сметам дека  во моментов е најдобра затоа што сакаме да создадеме нов вид на претприемничка култура и размислување на младите и да се обидеме она  што го зборуваме цело време да ги задржиме  во Македонија. Тоа ќе го направиме така што ќе се обидеме да ги поддржиме во најризичната фаза  на стартување некаков вид бизнис од идеја без притоа да треба да се задолжуваат  и да размислуават за начини за напуштање на државата  за да реализираат некоја идеја, рече Манчевски, потенцирајќи дека ова е една од мерките за претворање на Македонија во атрактивна бизнис дестинација.

Концептот на научно технолошкиот парк ќе се базира на три столба: поддршка на  процесот на дигитализација во економијата и целото општество, трансфер на технологии  во кој дел поактивно би се вклучила академската заедница со финансиска поддршка од Владата за развивање нови технологии кои ќе најдат примена  во економијата, како и акцелерација на старт ап компании. Тие ќе добијат акцелераторска програма и финансиски  средства да растат брзо.

– За трите столба веќе има иницијативи кои се реализираат. Целта е да дадеме фина  организациска рамка, ќе понудиме партнерство на универзитетите и на деловната  заедница да се вклучат како сопственици и да препознаат свој интерес и се ова  да видиме како функциоинира многу бргу уште во 2019 година, рече директорот на Фондот заиновации и технолошкји развој Јован Деспотовски.

Првичната  студија покажала дека од 500 компании 150 изразиле интерес да се вклучат во паркот, што, според Деспотовски,  покажува дека во следната фаза ќе биде потребен и дополнителен простор и ангажман на луѓе, како втора фаза. Финансиските средства за почеток на активностите се дефинирани на 1,5 милиони до 2 милиони евра заедно со средствата за првично прилагодување  на објектите и за купување основна лабораториска опрема која сега недостасува на универзитеите и оперативни трошоци за функционирање, информира Јовановски, посочувајќи дека се почнува со средства и  иницијативи кои  се расположиви за да се може да има што побрз почеток на активностите.

Како што појасни Александар Баковски тим лидер на студијата за изводливост, технолошкиот парк ќе се фокусира на поддршка на старт ап компаниите. – Сакаме да го забрзаме растот на старт ап компаните затоа што веќе има голем број организации кои се занимават со овој проблем и даваат поддршка, има инцијативи и организации и  успешни приказни. Направени се голем број старт ап  компании, но последните извештаи од старт ап Македонија  покажуваат дека тие не го достигнуваат растот, туку ги запираат своите активности. Тие прават еден  производ, се обидуваат да го наметнат на пазарот, но немаат успех. Ние треба да им помогнеме да ги подготват своите производи за пазарот и да станат интернационални затоа што тој дел моментно недостасува во постоечкиоот еко систем за компании, укажа Баковски.

Меѓу поставените цели е и развој на дигитални лаборатории во паркот кои ќе пружаат информатички услуги за поддршка на останатите компании. Тие ќе бидат дигитални лаборатории за соработка на компании, а ќе го  поддржуваат и јавниот сектор кој има голема потреба од дигитални алатки. Се предлага да се спроведе и концепт на клубови за живеење каде клиентите ќе работат заедно со компаниите на развој на технологии што ќе ги исполнат нивните очекувања.

Треба да знаете
Последни објави