Search

НАТО го предупреди Косово да не формира војска

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ја предупреди официјална Приштина дека ќе се соочи со сериозни последици ако продолжи со процесот на трансформација на косовските безбедносни сили во косовска војска.

Според Столтенберг, овој процес се води во многу несоодветен момент и не се испочитувани процедурите. Столтенберг ова го истакнал на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој се расправало за состојбите на Западен Балкан.

Тоа оди против советите на многу НАТО сојузници. И може да има сериозни последици за идните евроатлантски интеграции на Косово“ предупреди генералниот секретар на Алијансата во Брисел.

Косовските власти најавија дека на 14 декември ќе го усвојат законот за трансформација на косовските сили. Во врска со тоа, Столтенберг порача дека доколку официјална Приштина продолжи со процесот, тогаш НАТО ќе разгледа ангажирање кон Косово.

Прашан на какви последици се работи, тој рекол дека тоа ќе биде во надлежност на Северноатлантскиот сојуз (највисок орган во НАТО) да заседава и одлучи за конкретни мерки кон Косово, пренесе РСЕ.

Треба да знаете
Последни објави