Search

НАТО воздушната патрола Air policing денеска ќе прелета над свечената церемонија по повод 28. годишнината на армискиот воздухопловен ВИНГ

Денеска во 11.30 часот во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува и ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ. Во рамките на свеченоста е предвидено демонстрација на летање од страна на авијацијата на нашата Армија  како и прелет на авионите Ф-16 кои го изведуваат редовното воздушно патролирање на НАТО над нашата територија кое започна со нашето полноправно членство, а кое согласно техничкиот аранжман го реализира военото воздухопловство на Република Грција. Воздухопловната единица ВИНГ постои 28 години, а годинава својот роденден го прославува за првпат како армиска единица на земја членка на НАТО. Министерката Шекеринска во својот говор ќе се осврне  на развојот на единицата и на достигнувањата во последните три години на планот на подобрување на условите за работа и зголемувањето на платите.

Настанот е организиран согласно сите препораки за одржување на безбедно растојание и носење на заштитна опрема донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави