Search

Нападнат полицаец кој сакал да спречи тепачка

Нападнат полицаец кој сакал да спречи тепачка

Ноќеска околу 02.45 часот во Тетово бил нападнат полицаец кој се обидел да спречи тепачка пред угостителски објект.

Како што соопшти МВР, на крстосницата од ул.„Иво Рибар Лола“ со ул. „Страшо Пинџур“, поточно пред угостителски објект полициски службеници од СВР-Тетово забележале две непознати лица кои го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка. При преземањето мерки со цел спречување на нарушувањето, едно од лицата го нападнало полицискиот службеник. Лицето било приведено во СВР-Тетово, каде бил утврден идентитетот, односно дека се работи за М.Н. (29) од Тетово и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Известен е јавен обвинител.

Треба да знаете
Последни објави