Search

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај  лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот  јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во мај  оваа година, во однос на мај минатата година, бележи пад од еден процент, во преработувачката индустрија пад од 2,7  проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3  проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во мај годинава, во однос на мај лани бележи пораст кај „Капитални производи” за 2,4  проценти, а опаѓање кај „Енергија” за 1,2  проценти, „Интермедијарни производи, освен енергија” за 1,4  проценти, „Tрајни производи за широка потрошувачка” за 5,8  проценти  и „Нетрајни производи за широка потрошувачка” за  пет проценти

Треба да знаете
Последни објави