Намалена видливост поради магла до 20 метри има од селото Гајре до селото Лисец, како и на планинските превои Ѓавато и Плетвар до 50 метри.
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.