Search

Моралес нема да може да учествува на новите избори во Боливија

Боливискиот Сенат усвои предлог закон за оддржување нови претседателски избори во земјата на кои поранешниот претседател Ево Моралес нема да може да учествува.

Во предлогот не се наведува точниот датум на оддржување на изборите, јавуват американските меидуми.

Предлог законот го забранува реизборот на секој кој извршувал два последователни претседателски мандати, што Моралес претходно постојано го одбиваше.

Предлог законот треба да биде потврден и од Долниот дом на парламентот.

Боливија влезе во сериозна политичка и безбедносна криза по оспорените претседателски избори од 20 октомври, на кои за победник с епрогласи дотогаш актуелниот претседател Ево Моралес. По протестите низ цела земја и укажувањата на меѓународната заедница дека имало неправилности на изборите, Моралес си поднесе оставка и побара азил во Мексико.

Треба да знаете
Последни објави