Search

Млад човек загина во несреќа на Галичица

Млад човек на 20-годишна возраст денеска го загуби животот во несреќа што се случила на падините на планината Галичица.

Според првичните информации, жител на селото Љубаништа смртно настрадал кога се превртел тракторот со кој управувал на планинскиот пат што од Отешево преку Галичица води до магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

Увидот на лице место што е во тек и истрагата треба да ги утврди околностите и причината што довела до несреќата.

Треба да знаете
Последни објави