Search

Мицкоски во Илинден: Заев кој еднаш беше аболициран од Црвенковски, еднаш од Јанева, денес зборува за аболиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со граѓаните во општина Илинден. Тој рече дека истиот Зоран Заев еднаш аболиран од Бранко Црвенковски, еднаш од Катица Јанева, денеска зборува за аболиција.

„Замислете човекот којшто е основоположник на аболицијата во Македонија, па има образ, наместо да излезе да се извини и побара прошка од граѓаните, повторно го гледам на плоштадите ме напаѓа мене. Пола говор му е против мене и против политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Мицкоски.

Тој порача дека тоа што го прави СДСМ и Заев нема да ја однесе Македонија во Европа, затоа што во Европа треба да одат луѓе кои се честити политичари, луѓе коишто заедно со честитиот народ, вреден народ одат кон Европа, a не луѓе кои со криминал го стекнале своето богатство и продолжуваат со несмалено темпо да прават криминал.

Треба да знаете
Последни објави