Search

Министерствата за култура на Северна Македонија и на Црна Гора ќе потпишат Програма за културна соработка

Министерот за култура, Асаф Адеми, утре (17.4.2019 година) во просториите на Филхармонијата на Република Северна Македонија,  ќе оствари билатерална средба со  министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ.

По средбата во 12 часот двајцата министри ќе ја потпишат новата Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот 2019 – 2022 година, а се предвидени и изјави за медиумите.

Министрите Адеми и Богдановиќ во 18 часот во Музејот на македонската борба за самостојност ќе присуствуваат и на отворањето на изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“.

 

 

Со почит,

Министерство за култура

Треба да знаете
Последни објави