Search

Мизрахи во Крушево во посета на згрижувачки семејства

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејството Теља и семејството Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби.

На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов. Семејствата ја информираа дека децата се големо богатство за нив и дека тие се грижат како вистински родители на овие деца, а особено за нивното здравје, воспитување, образование и оспособување на самостоен живот и работа. Семејството Теља е згрижувачко семејство кое се грижи за 2 лица, мало дете од 8 години и лице од 40 години со посебни потреби, додека Семејството Христовски се грижи за деца од 18 и 12 години.

„Навистина сум среќна кога ќе видам и запознам хумани луѓе кои својата несебична љубов им ја пренесуваат децата, посебно на деца кои имаат поголема потреба од љубов и грижа. Тие прават големи дела и сум убедена дека овие деца ја добиваат вистинската нега и љубов која им е потребна„.

Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи и во иднина во рамките на своите законски надлежноси, да презема активности за подобрување на положбата на овие деца и подигне нивото на заштита на начин што овие деца и лица се ставаат под старателство, се сместуваат во мали групни домови, згрижувачки семејства или се определува друг облик на заштита, во зависност од возраста на лицата, неговите потреби и интереси и можностите на државата.

 

 

Треба да знаете
Последни објави