Skip to main content
Македонија

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина

25/11/2024  11:19

„Соопштението што на Меџити од неговото министерство за да си го покрие срамот кое очигледно во брзање му го напишале, толку е далеку од реалноста што навлага во сегменти кои се метафизички“, реагира Ирена Витина, советник во Совет на Град Скопје на соопштението на Изет Меџити.

„Министре Меџити! Министерството ниту аплицирало за проект ниту го добило, немој да го присвојуваш трудот на вработените на град Скопје.

За автобусите кои упорно ги презентираш како свој единствен проект во 5 месеци во министерска фотеља, очигледно не те информирале дека постои апликација која Градот Скопје и вработените ја изготвиле, ја аплицирале и успешно ја имплементирале.