Search

Меј ја поздрави одлуката на ЕУ за одложување на брегзитот

Британската премиерка, Тереза Меј, ја поздрави одлуката на лидерите на ЕУ за одложување на брегзитот, наведувајќи дека сега пратениците од британскиот парламент имаат јасен избор што треба да направат следно.

„Се надевам дека сите можеме да се согласиме, сега сме пред одлука“, изјави Меј пре новинарите во Брисел, по завршувањето на самитот на ЕУ, пренесе „Ројтерс“.

Земјите членки на ЕУ синоќа одлучија 12 април или 22 мај да е датумот за Брегзит.

Лидерите на 27-те членки на ЕУ постигнаа едногласен договор на барањето на британската премиерка за одложување на брегзитот, до периодот пред почетокот на европските избори. Сепак, доколку британската влада сѐ уште не успее да извојува ратификација на договорот за Брегзит во Вестминстер, тогаш ќе треба или да побара долго одлагање, до крајот на оваа година и да учествува на изборите, или да ги сноси последиците од напуштање на ЕУ без договор пред изборите, со сите ризици кои го носи ова сценарио.

Треба да знаете
Последни објави